Aeotec Door/Window sensor
AEOEZW120
Сензорот дава информација дали вратата или прозорецот се отворени или затворени. Уредот се состои од магнетен елемент и главен дел. Еден од деловите се поставува на движечкиот дел од вратата додек другиот на рамката. Фиксирањето може да биде со штрафење или двојнолеплива трака.
Батериите се менуваат без поместување на уредот од местоположбата. Овој уред е опремен со заштита од вадење, односно доколку некој проба да го извади истиот ќе го алармира корисникот.
Истотака уредот го алармира корисникот кога нивото на батеријата ќе падне под 20%.