Everspring Flood sensor (поплава)
EVR_ST812
Овој сензор детектира протекување на вода и испраќа аларм доколку установи некакво протекување на вода. Сензорот може да биде оддалечен од уредот дури до 3м. Уредот може да се вгради на било која рамна површина со завртки или двојнолеплива лента. Напојувањето е преку батерии и воедно доколку не е забележана никаква акција уредот е во состојба на мирување. При детекција на поплава уредот испраќа сигнали до контролерот во системот за извршување на понатамошни препрограмирани акции (затварање на вентили, вклучување на аларм, исклучување на струја во објектот итн). Уредот покрај интеграцијата со системот и контролерот овозможува и самостојно управување до 4 различни модули.